Летото ни тропа на врата, што значи дека е време за излети, скара и уживање во чист воздух. Сепак, нема ништо полошо од тоа кога ќе ставите ќебе на тревата или ќе извадите храна во дворот, а околу вас ќе започне вистинска инвазија на мравки. Дури и кога ќе ги оставите настрана, тие постојано се враќаат затоа што оставаат миризлива трага што на стотици други мравки им го покажува патот до храната.