Изминатата година поставена е нова насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. - Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа - истакнува Алиу. Министерот нагласува дека изминатата година целта не била да се создаде впечаток дека сè е решено, напротив, се тргнало од вистината. - Здравството има наследени слабости, недоволна организација, нерамномерна достапност на услуги, недостиг на кадар, застарена инфраструктура и систем кој премногу долго функционирал со хартија, фрагментирани податоци и недоволна предвидливост. Затоа целта ми беше да не ги прикриваме проблемите, туку да почнеме да ги решаваме системски - појаснува Алиу. Тој додава дека во изминатата година поставена е н