Во следните 5 дена македонскиот парламент треба да ги донесе сите закони од реформската агенда за да се стигне со рокот кој го постави Брисел , 30 јуни. Собранискиот спикер Гаши очекува на седници до понеделник да поминат сите законски решенија и да се постигне политички договор за Изборниот законик, а од тоа зависи и исполнувањето на Планот за раст. Дел од законите се во второ читање и амандманска расправа пред конечно гласање на пленарна седница. На матичната комисија за полиички систем денеска заврши амандманската расправа за предлог законот за Совет на јавни обвинители. Опозицијата бараше јасни рокови и начин на селекција на канцидатите, но беа одбиени од предлагачот. Најтешка точка за решевање е Изборниот законик за кој е потребен политички консензус. Иако беше најавено дека денеска треба целосно да биде постигнат договор, работната група која работи на измените се уште не може да фи испегла разликите за неколку точки. Пратениците кои денеска беа на состанокот не откриваат детали каде се кршат копјата. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Пет дена до рокот: Собранието во трка да ги изгласа законите од реформската агенда Категорија: Македонија Новинар: Ивана Соколов