Мерките вклучуваат еколошка реконструкција на термоелектраната Пљевља и нејзино функционирање во согласност со пропишаните стандарди за емисија, развој на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност во јавните и приватните објекти, развој на системот за централно греење во таа општина, стимулации за домаќинствата, зајакнување на јавниот транспорт и одржлива мобилност, како и мерки за намалување на емисиите.