Франција ја потврдува својата сила на овој Мундијал, па на пауза оди со водство од 3-1 над Норвешка по првото полувреме во кое доминираа офанзивната ефикасност и брзите напаѓачки комбинации. Натпреварот започна во високо темпо и со златна прилика уште во првата минута, кога Килијан Мбапе упадна во просторот и шутираше кон голот, но Егил Селвик извонредно реагираше и ја одврати топката на гредата. Франција не гледа