Половина година по катастрофалниот пожар што го зафати познатото зимско одморалиште Кран Монтана во швајцарскиот кантон Вале, преживеаните се уште се борат со страшните долгорочни последици. Сепак, јавноста сега е шокирана од нови детали: дали Итната помош пристигнала предоцна на новогодишната ноќ? Надлежното обвинителство официјално покрена истрага поради сомнеж дека медицинските служби потфрлиле кога било најкритично.