Доброволното противпожарно друштво од Штип наскоро ќе добие значајна поддршка во опрема за своите членови. Доброволците очекуваат испорака на донација од САД, која ќе придонесе за подобрување на нивната подготвеност при интервенции. Командирот на ДПД-Штип, Димитар Ташков, информира дека донацијата е обезбедена преку сопствени контакти и иницијатива на членовите на друштвото, а во моментот се наоѓа во царинска постапка. - Пристигнат е контејнерот со опрема и се надеваме дека наредната недела ќе ја преземеме. Треба да добиеме од 60-80 униформи со боци, шлемови, со чизми за оган, изјави Димитар Ташков, командир на ДПД-Штип. При последните интервенции на пожарите во реонот на Кадидере и викенд-населбата Кумлак, доброволните пожарникари активно учествуваа заедно со припадниците на Територијалната противпожарна единица. Благодарение на нивните теренски возила, екипите успеале побрзо да пристигнат до тешко достапните делови зафатени од огнот. - Во сите пожари досега, последните две-три години можеби и повеќе како оф роуд клуб сме биле како логистика на пожарникарите. Преку командирот сме добивале замолница дали саме да помогнеме, да однесеме пожарникари до самиот оган. Дека сме можеле да