„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
Националната фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето. Министерот за дигитална трансформација Андоновски вели дека првата задача ќе биде дигитализација на македонскиот јазичен корпус, а од есен системот ќе почне да се користи и во здравството, енергетиката, земјоделството и јавната администрација. „Во ерата на вештачката интелигенција, малите јазици немаат право на пасивност. Ако не е инвестирано во македонскиот јазик во дигиталниот простор, ризикуваме тој да биде потиснат од големите јазични модели и глобалните платформи. Затоа „Везилка“ не е технолошки проект, туку е проект за македонскиот јазик, македонското знаење и македонската дигитална иднина“, кажа министерот. Според Андоновски, „Везилка“ подоцна ќе биде вградена и во државниот портал за електронски услуги. Наместо граѓаните да пребаруваат сами, системот ќе им помага преку разговор да ја пронајдат онаа услуга што им е потребна. „Ќе имаме алатка што ќе чита податоци на македонски јазик и ќе произведува потребни резултати на македонски јазик. Да објаснам попластично: на порталот uslugi.gov.mk намерно не воведуваме алатки на вештачка интелигенција, зашто тие се базирани на некоја ст
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.