Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите во групата за Светското првенство што од 13 до 31.јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Противници во групата Х што ќе се игра во Магдебург се: Исланд, Бахреин (шампион на Азија) и Јапонија (четвртопласирана на последниот шампионат на Азија). РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ: А група (Минхен): Германија, Србија, Тунис, Уругвај. Б група (Штутгарт): Египет, Италија, Република Зелен РТ, Саудиска Арабија. Ц група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција. Д група (Штутгарт): Аргентина, Франција, Бразил, Кувајт. Е група (Кил): Шведска, Норвешка, Грција, Катар. Ф група (Магдебург): Португалија, Фарски острови, Полска, Алжир. Г група (Кил): Данска, Словенија, САД, Ангола. Х група (Магдебург): Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија. Во првото коло македонските ракометари ан 15.јануари играат против Јапонија, на 17.јануари противник ни е Бахреин, а во последното коло од групата ривал ни е Исланд на 19.јануари. Тритепрвопласирани репрезентации од групите ќе изборат пласман во Главната фаза. МИА