Во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT) за приоритетната криминална област трговија со луѓе, во периодот 8-13.6.2026 беа спроведени заеднички акциски денови. Оперативната акција Global Chain, во која учествуваат вкупно 59 држави, е насочена кон сузбивање на трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација, трговија со деца, но исто така и илегална миграција, питачење, трудова експлоатација, се со цел откривање и спречување на организирани криминални групи и цели од висок интерес. Оваа оперативна акција е предводена од Австрија, додека ко-лидери се Романија, Европол, Фронтекс, Интерпол и Америпол. Во текот на оперативната фаза се спроведоа т.н. Заеднички акциски денови, за кои и беше воспоставен Заеднички координативен центар во МВР. Во рамки на Центарот беа распоредени претставници од 40 држави учеснички, кои вршеа проверки и меѓусебно разменува информации во реално време преку каналот за размена на информации на Европол - СИЕНА. На национално ниво беа откриени три кривични дела „фалсификување исправа“, 49 прекршоци, од кои 42 се сторени од 42 странски државјани (Албанија -17, Турција-16, Србија-три, Индија и Велика Британија-по два и