Зоран Лазаревиќ, попознат како Брка, е повеќегодишниот шампион на Србија во најдолги мустаќи. Овој неверојатен човек, кој живее и работи во Виена од 1973 година, не престанува да го привлекува вниманието на минувачите каде и да се појави. Неговите мустаќи кои некогаш надминуваа нереални 2 метри и 36 сантиметри, му донесоа слава, титули, но и бројни комични ситуации со обожаватели, цариници и неверни натпреварувачи.