По повеќе од две години „замрзнати“ односи поради политиката на поранешниот премиер Виктор Орбан, лидерите на Вишеградската група повторно седнаа на иста маса. Премиерите на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија се собраа во Будимпешта на првиот вистински самит по долго време. Новиот унгарски премиер Петер Маѓар дури најавува заживување на овој блок и предлага негово проширување на Западен Балкан, а аналитичарите велат дека тоа е добра вест.