Со подигање на градското знаме и свечената седница на Градското собрание, на која беа врачени дипломи и плакети за звањето почесен граѓанин и наградите „Про Урбе“ денеска беше одбележан Денот на градот Суботица, 1 септември. Градоначалникот на Суботица, Стеван Бакиќ, обраќајќи се на присутните во големата сала на Градското собрание, рече дека денеска го славиме Суботица, град со богата историја, исклучителна архитектура, различни култури и традиции, но пред се