Во Источна Македонија најмногу потрошувачка на лекови на рецепт
Граѓаните во Источна Македонија најмногу пијат лекови. Анализите на Фондот за здравствено осигурување покажуваат дека во овој регион лани секој осугуреник земал 18 кутии на апчиња во аптека. Секоја година расте и бројот на реализирани рецепти па во 2025 имало 27 милони и 334 илјади рецепти што е за 8 проценти повеќе од 2023. Метформинот со 2 милиони рецепти е терапија која е на врвот заедно со диазепамот и лекови за срце и крвен притисок. Злоупотреби има велат од Фондот и очекуваат тоа да се надмине со е-рецептот. -Има повеќе врсти на злоупотреби. Едната, најчеста, која верувам дека многумина од нас ја прават – лек да се најде. Претпоставувам во многу домаќинства, еднаш годишно се проверуваат фиоките со лекови и оние со поминат рок се фрлаат, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување. Освен зголемен надзор на масовната потрошувачка на лекови на рецепт, од Фондот велат дека има и повеќе генерички лекови достапни на пазарот со пониски референти цени а со тоа и 0 доплата за разлика од постоечките од кои дел биле монопол и ја диктирале цената. За дел од терапијата имаше и реакции од граѓани кои ги користат досегашните бидејќи им ги препорачуваат и самите лекари.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.