Египет е следната селекција која ќе се пласира во 1/8 финалето на Светското првенство. Египќаните триумфираа дури по изведувањето на пенали, со што се квалификуваа во оваа фаза за прв пат во историјата на својата земја. Редовното време заврши со изедначен резултат, 1:1, пишува Газета експрес. Египет поведе уште во 13. минута кога погоди Ашур, резултат со кој заврши полувремето.