На македонските откупувачи засега не им требала домашната пченица, затоа што наводно имале залихи од лани. Ова на земјоделците им било соопштено на состанокот кој се одржал пред неколу денови во Министерството за земјоделство. Жетвата треба да започне за неколку денови, а земјелците велат дека ваквите ставови се само тактизирање за да пченицата се купи по мизерни 10 денари за килограм, а не по 16 денари како што барале тие. Сета надеж земјоделците ја полагат во државта затоа што доколку се случи да има откуп по само 10 денари остатокот до бараната цена да им го доплати државата. „Мислам дека имаат потреба за откуп на пченица, но мислам дека им е незгодно да кажат дека сакаат да ја откупат нашата пченица по 10 денари. Со тоа во ниту еден случај нема да се сложиме ние, мислам дека и Министеството нема да се сложи со таа понудена цена која ние само замислуваме дека таа цена ќе сакаат да ја понудат. Во тој случај државата треба да ни излези во пресрет нас како производители на пченица, тоа значи дека разликата минусна од откуп до реална да ја покрие државата“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци и фармери на Македонија. Годинава се очекувале околу 300.000 ки