Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема, постои недостиг на доверба и кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава
Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката спрема нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема и Владата не е подготвена да преземе било каков чекор кон уставни измени. Ова го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава. -Дали ние правиме конкретни работи поврзани со нашата европска перспектива, не сакам да бидам репетитивен, бидејќи ова е тема што е многу актуелна во последниот период. Да, правиме. Првото е тоа што го правиме во однос на Реформската агенда. Второто е тоа што го правиме во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, но многу повеќе е тоа што го правиме за имплементација на европските вредности. И на крајот на денот, слично со тоа што кажа и господинот Берсе - за објективната посветеност на нашата држава кон европските вредности, коишто се некогаш дури и поширо
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.