Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција. - Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ревитализацијата биде целосно завршена и кога јас ќе бидам безбеден со моето дете да се возам во неа, тогаш ќе дозволам да работи. Во спротивно, нема да дозволам ничиј живот да биде загрозен, на кој било скопјанец или на кое било дете во Скопје, поради несовесноста на службите во минатото, напомена Ѓорѓиевски во дневникот на ТВ Сител. Тој се осврна и на неодамнешното рушење на тобакото „Али“ кое беше лоцирано на тротоар на Бит Пазар, испраќајки порака дека целта на Градот е да нема дивоградби. - Ноќеска е тргнато и она тобако што беше после тобакото „Али“, кое 15-тина години исто така оневозможуваше користење на велосипедска и пешачка патека. Мојот успех е во тоа - 15 години таму полицајци се удираа во пајаци, граѓаните беа оневозможени да функционираат нормално, низа сообраќајки
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.