„Везилка“ почнува со работа. Националната фабрика за вештачка интелигенција ќе користи ресурси на Европската Унија за развој на Вештачка интелигенција за потребите на државата. Но, за сите чувствителни податоци на граѓаните ќе бидат користени локални ресурси тука во Македонија. - Воглавно ќе се поврземе кон европската инфраструктура. Меѓутоа, добивме дозвола од ЕУ да направиме еден помал АИ кластер кај нас за работи и податоци кои природно не треба да излегуваат од државата, поврзано со одредени здравствени податоци, итн. Еден помал кластер со GPU ќе биде направен локално кој ќе служи за обработка за сите оние критични податоци за кои мора да се зачува приватноста, вели професорот Димитар Трајанов. Една од првите задачи на „Везилка“ е дигитализација на текстови и записи на македонски јазик. Тие ќе треба да им помогнат на големите модели како тие на ЧетЏПТ, Џемини или Клауд, подобро да го разберат македонскиот јазик и со тоа да се подобри комуникацијата со нив на мајчин јазик. Но моделите кои ги развиваат професорите од ФИНКИ во иднина ќе треба да го трансформираат здравството, енергетиката, јавната администрација и земјоделството. - Амбициите се и практични и трансформативни. Во зд