Милош Вучевиќ, претседателот на Српската напредна партија (СНС) денеска изјави дека на средбата „Србија - моето семејство“ на платото пред Народното собрание во Белград ќе се разговара за најважните работи за иднината на Србија и истакна дека наскоро ќе бидат распишани избори, кои, како што рече, ќе бидат можност сите да видат што мислат граѓаните.