Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација, што МИА го објавува интегрално. N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на вештачка интелигенција, deep tech, роботика, сајбер безбедност и практична примена на иновациите. Паркот треба да претставува место каде што студентите, истражувачите, претприемачите, компаниите и институциите ќе можат да соработуваат, да развиваат решенија и да создаваат технологии со домашна вредност и глобален потенцијал. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отворањето на ваков простор е значаен чекор за развојот на македонскиот технолошки и иновациски екосистем. „Во време кога државите се натпреваруваат преку знаење, иновации и технолошки капацитет, создавањето на ваквите простори е многу повеќе од инвестиција во инфраструктура. Тоа е инвестиција во идеи, талент и
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.