Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој е дел од реформската агенда. Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. - Законот беше испратен на мислење до Венецијанската комисија и вратен со позитивно мислење. Во него се имплементирани сите препораки на европските тела, истакна Деребан. Со предложеното законско решение, нагласи, се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. - Со овој закон значитeлно се зајакнуваат критериумите за избор на членовите на Советот на јавни обвинители, се регулира една транспарентна постапка за избор на членовите на Советот на јавните обвинители, се уредува дисциплинската постапка, постапката за избор на јавните обвинители, се зголемува јавноста и транспарентноста во работата на Советот на јавни обвинители, се уредува
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.