Каратистот Матеј Белистојановски го донесе првиот златен медал за македонската репрезентација на Медитеранските игри 2026. Белистојановски беше супериорен во финалната борба во категоријата до 67 килограми и го совлада Хрватот Берак со 6-0 на поени. На патот до златниот медал, македонскиот каратист ги совлада Алмасалмех од Сирија (6-1), Лука Мареска од Италија (2-0) и Гркот Балиотис со 5-1. За Македонија ова е шести медал на Игрите во Таранто по двете сребра и трите бронзи. МИА