Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квдратен
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје - во Црешево се измерени 74 литри на метар квдратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина. До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 во Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 16 на Попова Шапка, 13 во Скопје – Карпош, 12 во Претор, 11 во Скопје – Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во Скопје – Петровец, 5 во Тетово, 3 во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште. УХМР нагласува дека овие вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, како и дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. Времето претпладнево ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла по одредени котлинии, а попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. Во Скопје променли
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.