Конфликтот во Иран не е „војна“, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој исто така оцени дека пловидбата низ Ормуската Теснина „речиси“ е нормализирана. Весникот „Волстрит џурнал“ оценува дека во мигови кога претседателот Доналд Трамп размислува едноставно и јасно да објави крај на конфликтот, потпретседателот Венс се обидува да ги минимизира борбените дејства. „Јас не би го нарекол ова војна. Во моментов нема престрелки“, изјави тој пред новинарите во Белата куќа, иако САД во последните денови двапати нападнаа цели во Иран. Во еден од тие напади, за кој Иран вети дека ќе возврати, загинаа четири лица на свадбена веселба. „Иранските државни медиуми досега не известуваа особено веродостојно за она што се случуваше во овој конфликт, така што сум исклучително скептичен во врска со тоа“, рече Венс одговарајќи на прашање за нападот и додаде дека САД сепак спроведуваат „темелна истрага“. Четириесет и двегодишниот републиканец одби да се обврзе на кој било датум за завршување на борбените дејства, иако на почетокот на конфликтот пред шест месеци Доналд Трамп споменуваше дека максималното времетраење би било неколку недели. Американската Влада во последните денови го истакнува