Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
Со инвестиција од 2,7 милиони евра охридскиот аеродром доби нов и современ лик. Зградата на терминалот има зголем број шалтери, проширени се чек ин просторите, административната зграда, зоните за безбедносна контрола и рачен багаж, а вработените добија нов ресторан и паркинг. Во украсувањето употребени се реплики на мозаици и фрески од Плаошник и Света Софија, правејќи го аеродромот мал музеј, кој ги преставува убавините на Македонија. Со реконструкцијата, покрај подобрените услуги, премиерот очекува и зголем број патници. -Оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден со најголем број патници досега во историјата — повеќе од 3.000. А исто така има и денови кога имаме повеќе од 20 полетувања, што исто така претставува само по себе еден значаен податок којшто е за почит. Убеден дека во периодот којшто претстои со сите градежни активности и поддршката којашто ја даваме како Влада, овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до бројки коишто претставуваат наш нов таргет, рече Христијан Мицкоски, премиер. Вицепремиерот Николоски задоволен од досегашните бројки. Најави зголемен број летови и патници, по изградбата на автопатот Кичево
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.