Тропскиот бран кој сè уште е над нашето поднебје изгледа ги брои последните денови. Метеорологот Марко Чубрило објави детална временска прогноза која предвидува бурен крај на неделата, минување на силен студен фронт, драстичен пад на температурата и потенцијално формирање на циклон кој би донел огромни количества дожд.