Глоба од 20.000 евра заработи фирма од скопско Батинци откако нејзин камион беше затекнат при незаконско исфрлање на шут во скопски Аеродром. Ваквата казна доаѓа откако при вонреден инспекциски надзор градоначалникот Митески начека шофер како незаконски одлага градежен отпад. Највисоката казна е 90 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект. Фирмата која ја заработи казната е ХСА Констракшн, а нејзин сопственик Харис Качапор. Тој седи на обвинителна клупа за прегазување на екс директорот на ОХИС, Јорго Куќа.Претходно доби и условна казна во случајот Синџир. Во меѓувреме, инспекторите од Град Скопје втора седмица по ред ги тресат фирмите со отпад. Во регистарот има вкупно 41, но градските власти не откриваат детали каде и дали се утврдени неправилности. „Градската инспекција врши интензивни проверки во изминативе денови и досега се извршени контроли во над половина, акцијата продолжува до нејзино целосно реализирање. Паралелно се врши проверка на документацијата и поради поделената надлежност со Министерство за животна средина, Државен инспекторат за животна средин, како и Управа за животна средина информациите ќе бидат препратени и ќе бидат превземени соодветни зак