Синилото на Егејското Море, белите куќи со сини покриви, мирисот на гирото, звуците на сиртаки и маслинови насади се едни од главните причини поради кои милиони туристи ја избираат Грција за својот летен одмор. Оваа сезона, пак, меѓу најчестите теми на плажите и социјалните мрежи беше зајачката риба - вид кој поради се позачестеното присуство во грчките води, предизвика загриженост кај капачите.