Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци. Повтори дека „пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да прави“. Како што наведе Мицкоски на свеченоста, од урнатините на војната се роди идејата за европско обединување, посочувајќи, не како политички проект на бирократи, туку како цивилизациски завет – дека никогаш повеќе народите нема да се уништуваат меѓусебно. Европа на солидарност, вредности и принципи. А што се принципите ако не правила кои треба да важат за сите, норми кои треба да донесат просперитет и иднина?. Ние верувавме во тоа и сè уште веруваме дека Европа е нашиот единствен пат. Нашата татковина нем
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.