Дел од училиштата на своја рака ја кратат наставата поради топлото време на што министерката Јаневска остро реагираше и ги предупреди директорите да не преземаат мерки надвор од протоколите кои се издадени одМОН. Засега институциите немаат прогласено алертна фаза, а доколку се променат условите таквата информација најпрво треба да помине во Владата. Фокусот на МОН е ставен на проширување на капацитетите за да се овозможи едносменска настава во сите основни училишта. Во моментов се работи на 14 училишта во неколку скопски општини и внатрешноста. Градежните активности во оу киро глигоров предизвикаа реакција кај родителите чии деца од 4то до 9то одделение се префрлени на онлајн настава. Јаневска смирува, доградбата ќе заврши за околу две недели а ваквата одлука била донесена заради безбедноста на учениците. Се доградуваат 6 училници и во основното Димо Хаџи Димов а ќе почнат градежните активности и за проширување на оу петар поп арсов бо општина Карпош. Денеска беа поставени темелите за изградба и на нова спортска сала до училиштето Братство. МОН со 90 милиони евра реализира над 70 проекти за подобрување на условите во образованието. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for М