Одлуката на Врховниот суд за укинување на пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци е разочарување и е последица на „рецидиви и остатоци“ од претходната власт кои сè уште делуваат во правосудниот систем, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања, по посетата на реновираната зграда на Клиника за неврофизиологија. ​ Коментирајќи ја одлуката на Врховниот суд за Ласкарци, Мицкоски истакна дека станува збор за „рецидиви, остатоци, мал дел од претходната влада на СДСМ и ДУИ и тоа е последниот ресурс за заштита на таа влада и на луѓето коишто беа дел од таа влада". -Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат. Таков беше случајот со модуларната болница, така и сега со Ласкарци. Имаме десетици жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле. ​И тоа е уште едно разочарување, не само за мене, туку генерално и за граѓаните - изјави Мицкоски. Според него, овие малкумина судии ги контаминираат сите оние чесни судии и обвинители коишто се во нашиот правосуден систем,