Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
Патник на лет на „Американ ерлајнс“ бил совладан, врзан со пластични лисици и залепен со селотејп за седиштето, откако станал агресивен и нападнал други патници. Поради инцидентот, авионот принудно слетал во Балтимор, пренесува Си-ен-ен. Летот 618 патувал од Далас кон Њуарк во четвртокот вечерта кога маж во првата класа почнал агресивно да се однесува и да упатува навреди. Според сведоци, тој удрил патник кој седел до него, а потоа и жена која се обидела да интервенира. Во совладувањето на мажот се вклучиле неколку патници, меѓу кои и пензиониран полицаец од Њу Џерси. Екипажот им дал пластични лисици со кои му ги врзале рацете, но мажот продолжил да се спротивставува и каснал еден од патниците. Потоа употребиле селотејп за дополнително да го врзат за седиштето, внимавајќи да не му ја покријат устата и да не му го попречат дишењето. Еден од патниците околу 15 минути седел врз него за да го спречи повторно да стане, сè додека авионот не слетал на меѓународниот аеродром Балтимор/Вашингтон. По слетувањето, полицијата го уапсила мажот, а авионот потоа го продолжил патувањето кон Њуарк. „Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е наш најголем приоритет и не толерираме насилств
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.