Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги проверуваат капацитетите и евентуаните ризични локации. Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање посочи дека институциите се организираат укажувајќи дека високите тревни површини како резултат на дождливата пролет во наредниот период ќе бидат подложни на влијание од високите температури. - Да, сите три воздухоплови се сервисирани навреме. Не знам дали денеска конкретно, но до вчера информацијата беше дека се во Загреб - не можеа да полетат поради временските неприлики. Очекувам денеска, ако веќе и вчера не се стигнати. Направено е сервисирање комплетно на сите возила воени кои ги пренаменивме во возила за борба против огнените стихии. На Влада донесовме заклучок за забрана на движење во шуми од 1 јули, општините добија инструкции преку ЗЕЛС, да се проверат сите колективни постапувачи, депонии и слично, дали ги исполнуват условите,
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.