Обвинителството во Велика Горица во Хрватска поднесе обвинителен акт против четири лица поради сомнение дека од градежниот претприемач Маријан Кулас се обиделе да изнудат седум милиони евра, а потоа му ги запалиле двете ламборџини. Во пожарот е оштетена и една станбена зграда, како и четири други автомобили.