Преглед на вестите од светот
Шпанија го почна процесот на евакуација на патниците од холандскиот крузер на кој се појави хантавирус, закотвен во пристаништето Гранадиља во Тенерифе. Тие се транспортираат со чамци до брегот, а потоа со чартер летови се враќаат во матичните земји. Петходно специјализирани медицински тимови се качиле на бродот за да извршат здравствена проверка на 147те патници и членови на екипажот од 23 земји. -Сите патници остануваат асимптоматски. Бродот пристигна во 6:30 часот наутро . Целата операција се одвива нормално и реков дека првите што ќе се истоварат ќе бидат шпанските граѓани, а потоа ќе полета летот за Холандија. Холандија ќе испрати два авиона: денешниот авион и уште еден утре, кој ќе го наречеме „авион чистач“, за да ги собере сите патници што не се собрале од другите земји. Последниот лет во целиот процес е закажан за утре. Тоа е последниот лет до Австралија, со шест лица - луѓе од Австралија, Нов Зеланд и некои од Азија. Поддршка на шпанските власти им даде и првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој дојде во Тенерифе за лично да ја надгледува акцијата. Тој исткана дека иако патниците и членовие на екипажот не покажале симптоми на ханта
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.