Филозофскиот факултет при УКИМ и Деканот Оливер Бакрески регаираат на вчерашното гостување на пораншниот просветен инспектор Ѓорги Илиевски, во Тема на Денот, отфрлајќи ги како неточни и тенденциозни неговите изјави, и оценуваат дека станува збор за обид да се дискредитира деканот и да се манипулира јавноста со невистини и бројни конструкции. -Доколку не следи јавно извинување од страна на Ѓорѓи Илиевски за изнесените клевети, ќе биде покрената тужба пред надлежните органи. Непобитен факт е дека самиот Декан проф. Бакрески го пријави случајот во Просветниот инспекторат, покажувајќи институционална одговорност и академски интегритет. Факултетот ќе продолжи да работи во апсолутна согласност со законот и да се залага за беспрекорна законитост и заштита на сите студенти на Филозофскиот факултет. Сакаме да нагласиме дека: - Не постои комисија која ги разгледувала целосните документи за да констатира дека нема проблем. Постапката за селекција на кандидати на посдипломски студии е утврдена во подзаконските акти и ја спроведува наставно-научниот колегиум на студиската програма, а на докторски студии Советот на студиската програма утврдува прелиминарна и конечна листа, а не продеканот. Прод