Не запираат случаите на малолетничко насилство во главниот град. Во денешниот билтен на МВР има две пријави за напади на деца во Скопје. Синоќа мајка пријавила дека во 21 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот син бил нападнат од неколку малолетници од кои двајца ги познавал. Два часа подоцна во Центар малолетничка била физички нападната од две други малолетнички кои ги познавала. Од МВР велат дека за овие последни инциденти преземаат мерки за нивно расчистување. А колку кривичните пријави за инцидентот со вознемирувачкото видео на насилство врз девојче во Аеродром е крај на приказната? Продолжуваат реакциите на јавноста за овој настан со многу дилеми – дали насилството е видливо само кога има снимка или е во полициски билтет или треба навреме да бидат препознаени несоодветните однесувања кај децата пред да биде доцна. За случајот побаравме сатав и од обвинителството од каде велат За тоа се постапува во координација со јавен обвинител, кога ќе биде документиран настанот и поднесена пријава од МВР и јавноста ќе биде извест ена за натамошниот тек во постапката согласно Законот за правда за децата . Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for По Аеродром, нови пријави за насилст