Душеци на подот, недостиг од вода за пиење и пристап до лекар. Ова се само дел од проблемите со кои соочуваат осудените лица сместени во македонските затвори. Според последниот извештај на Националниот превентивен механизам, главен предизвик за казнено поправните установи, се уште останува пренатрупаноста. Подобрување е забележано во затворот Идризово после реновирањето на осмото крило, но при увидот пренатрупаност е утврдена во женското одделение. Наместо предвидените 70, таму биле сместени 90 затворенички. Во извештајот се нотира уште една слабост - затворскиот лекар прегледува во присуство на полицаец. „Имајќи ги предвид стандардите за доверливост на медицинските прегледи, Националниот превентивен механизам (НПМ), уште еднаш нагласува дека здравствените прегледи треба да се вршат без присуство на затворски полицајци, освен во исклучителни случаи кога медицинскиот персонал ќе процени дека постојат безбедносни причини за тоа“, изјави Соња Трифуновска, Заменик народен правобранител. Народниот правобранител ја проверувал и состојбата во психајтриската болница „Демир Хисар“, каде било утврдено дека дваесетина пациенти со лажни психајатриски вештачења го изиграле системот и избегнале