Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
Големиот пожар што доцна синоќа избувна во солунското предградие Ореокастро, зафати бизниси и фабрики, беа евакуирани две села како и установа за лица со хронични заболувања, рано утрово беше ставен по контрола. По битката со огнените јазици што траеше во текот на ноќта, уапсен е 76-годишен маж за предизвикувањ ена пожарот, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, за државната телевизија ЕРТ рече дека се фокусирани на гаснење на пожарот на фабрика за рециклирање, од која се издига густ чад, а поради правецот на ветерот, чадот се шири кон Солун. Додаде дека „сите останати фронтови се ставени под контрола“. Според противпожарната служба на Грција, во пожарот што избувна околу 20.30 часот, интервенираа и продолжуваат да интервенираат 160 пожарникари со пет пешадиски тима и 52 возила, помагаат голем број волонтери и цистерни од периферијата, додека пак од раните утрински часови од воздух се гасне со два авиони и два хеликоптери. Од бројот 112 за итни случаи во текот на ноќта беа испратени пораки до сите оние кои се наоѓаат во две населени места во близина на пожарот да се евакуираат. Превентивно беа евакуирани и 153 лица од Уста
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.