Премиерот Еди Рама денеска е во Чернобио, Италија, каде што учествуваше на форумот „Интелигенција на светот, Европа и Италија“, на панелот „Агенда за Европа“. Дискусијата се фокусираше на улогата на Медитеранот, како и на новите предизвици со кои се соочува Европа и светот. За време на својот говор Рама се фокусираше на потребата Европа да ја зајакне својата автономија во стратешките сектори, особено во однос на суровините.