Патиштата во земјава беа облеани во крв овој август од тешки сообраќајни несреќи. Топ чанел дознава дека во месецот кој штотуку го оставивме, 22 лица го загубиле животот како последица на сообраќајни несреќи. Според приложените податоци, само во текот на месец август низ државата се евидентирани 159 сообраќајни несреќи, од кои 229 лица се повредени. 22 го загубија животот, 32 се тешко повредени, а 175 се полесно повредени. брзо