Седми смртен случај од западнонилска треска во државата е регистриран изминатите денови, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. -Во врска со состојбата со западнонилска треска, од моето последно известување, имаме еден починат. Тоа е пациент кој најдолго беше хоспитализиран - преку 38 дена во болницата. И имаме еден нов сомнителен случај во овие три дена од последното известување. Значи состојбата на хоспитализација е иста, мислам дека се 19 пациенти, бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај - одговори Клековски на новинарско прашање. Последниот починат од западнонилска треска бил од скопската општина Гази Баба на возраст од 69 години. -Во основа значи веќе оваа недела, од последните неколку дена, од викендот наваму, сите нови случаи се од Скопје Север. И веќе е разговарано со соодветните градоначалници да обрнат внимание на активностите таму - рече Клековски. Тој беше прашан и за објаснување зошто сите смртни случаи со западнонилска треска во државата се од машки пол. -Најголемата студија е во Америка на над 3.000 случаи. Во таа студија е јасно дека и морбидитетот, односно стапката на заболување со невроинвазивната форма, и смртноста е