Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
Електричните тротинети наскоро би можеле да подлежат на построги сообраќајни правила, со нови измени на законот што ограничуваат брзина и воведуваат построги казни. Предлог-измените, предвидуваат електрични тротинети да можат да управуваат само лица постари од 18 години и максималната дозволена брзина да биде ограничена до 20 километри на час. Покрај предвидените парични казни, се предлага и привремено одземање на електричниот тротинет во траење од 30 дена. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на измените, Никола Мицевски, истакна дека потребата од вакви измени произлегува од анализите кои покажале загрижувачки број на сообраќајни незгоди во кои учествувале лица што управувале со електрични тротинети. „Се врши интервенција на брзината, односно максималната брзина да биде до 20 километри на час со цел намалување на прекршоците со електрични тротинети. Се зголемува и старосната граница, односно минималната возраст за управување ќе биде 18 години. Старосната граница се зголемува бидејќи во повеќе од половина од несреќите со тротинети тие биле управувани од лица на возраст од 16 и 17 години“, рече Мицевски. Тој додаде дека во изминатите две и пол год
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.