Поскапува меѓуградскиот билет, но субвенции за студентите кои патуваат за Скопје во моментов не се предвидени. Мицкоски ветува дека ќе го разгледа случајот. Студентите кои секојдневно патуваат од Куманово и Тетово за Скопје за да студираат ќе се соочат со значителни трошоци за превоз. Од 1 септември повратниот билет Куманово-Скопје чини 400 денари, а Тетово-Скопје 500 денари.