Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
Во општество кое се уште учи што значи вистинска инклузија, децата со атипичен развој секојдневно се соочуваат со бариери што за многумина остануваат невидливи. Од неприфаќањето во средината, преку тешкотиите да се вклопат во училишниот систем, до недостигот од образовни асистенти и основни услови како пристапни рампи, предизвиците се бројни. Но, зад овие проблеми не стојат само статистики, туку деца со свои желби, таленти и соништа. Тие сакаат да учат, да создаваат, да бидат дел од заедницата. Сонуваат за професии, за иднина во која ќе бидат прифатени не поради тоа што се различни, туку затоа што се еднакво вредни. Денеска се одржа настан за зголемување на свесноста за лица со атипичен развој. Но Дина вели, не треба само денеска да се говори за инклузијата, таа е потреба. Најважно им е да бидат прифатени од општеството. Има промени во општеството, но сепак дискриминацијата останува најгласна, велат активистите. Треба уште многу работа, но државата најпрво треба да го слушне гласот на семејствата на овие деца. „Другарството е богатство“ е пораката од денешниот настан што потсетува дека инклузијата не се гради само со стратегии, туку со прифаќање во секојдневието. Таа започнува таму
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.