Легендарната Лада Нива продолжува да опстојува на автомобилскиот пазар речиси половина век по почетокот на производството. Во Русија започна продажбата на обновената Niva Legend, која доби нов мотор и неколку технички и безбедносни подобрувања. Најголемата промена се наоѓа под хаубата. Досегашниот 1,7-литарски бензински мотор со 83 коњски сили е заменет со 1,8-литарски атмосферски агрегат кој развива 90 КС и 153 Nm вртежен момент. Петстепениот мануелен менувач и постојаниот погон на сите четири тркала остануваат заштитен знак на рускиот теренец. Со новиот мотор, Niva Legend достигнува максимални 142 km/h, додека за забрзување од место до 100 km/h ѝ се потребни околу 15 секунди. Истовремено, декларираната комбинирана потрошувачка е намалена од 9,9 на 9 литри на 100 километри. Направени се подобрувања и на системот за ладење, менувачот и преносната кутија, со цел да се намалат вибрациите и да се подобри удобноста при возење. Нива конечно добива и дел од опремата која одамна е стандард кај современите автомобили. Меѓу новитетите се воздушно перниче за возачот и централно заклучување, а еден ист клуч се користи за отклучување и стартување на возилото. Одредени делови од каросеријата се