Министерот за внатрешни работи на Албанија, Бесфорт Ламалари, предупреди дека албанската влада може да прогласи „нон грата“ други лица, доколку се процени дека тие претставуваат ризик за националната безбедност. Ламалари во саботата во интервју за „Еуроњуз Албанија“ рече дека на неговото биро постојано пристигнуваат барања од органите на прогонот и дека институциите ќе продолжат да дејствуваат без да бидат под влијание на