Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
Полскиот премиер Доналд Туск, во екот на војната за ордени меѓу полскиот претседател Карол Навроцки и украинскиот Володимир Зеленски, денеска изјави дека можеби е подобро што Зеленски го откажа доаѓањето на големата конференција за обновата на Украина, утре, во Гдањск, бидејќи со тоа ќе се смират вжештените страсти. -Утре ќе биде можност да се кажат неколку остри зборови за политичарите кои реагираат несоодветно на различните толкувања на нашата болна историја. Имам чувство дека одлуката на Зеленски да не дојде, за која премиерот на Украина се консултираше со мене, може да придонесе за тоа конференцијата да биде поконкретна, без вжештени страсти, рече Туск денеска на прес-конференција. Зеленски во последен момент го откажа своето доаѓање на една од трите големи меѓународни конференции за Украина во Европа оваа година поради конфликт со полскиот претседател Навроцки. Тој му го одзеде на Зеленски полскиот Орден на Белиот Орел, бидејќи во мај Зеленски потпиша декрет со кој единица на украинската армија го доби името Херои на Украинската бунтовничка армија (УНА). Навроцки, исто така, му се закани на Зеленски дека Украина нема да влезе во Европската Унија сè додека ги величи воените зло
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.