Жозе Мурињо доби необичен подарок во пресрет на пресметката помеѓу Реал Мадрид и Интер во Лигата на шампионите. Италијански новинар на португалскиот тренер му подари градинарска прскалка, потсетувајќи се на една од најпознатите ноќи во неговата кариера. Мурињо ќе го преземе својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона во вторник, кога Реал Мадрид ќе се соочи со неговиот поранешен клуб Интер на Сантијаго.